Педро Акоста верува дека е многу блиску до својата прва победа во првата класа и тоа е само прашање на време.
Единствениот дебитант во MotoGP во 2024 година, го освои второто место на трката во Индонезија.
„Мораме да бидеме задоволни бидејќи имаме константност во топ 5, што против Дукати не е лесно. Но, ние сме се поблиску и поблиску до првото место“ – нагласи Акоста.

