Планираниот спринт за млади возачи на патеката во Абу Даби нема да се одржи оваа година. Првично, идејата беше дека на крајот на сезоната во Формула 1, ќе има една рунда надвор од класата, каде што секој тим ќе извади по еден болид на стартот, а возачите од младинските програми ќе учествуваат на трката.
Етапата требаше да се состои од една сесија на слободен тренинг, квалификации и спринт.
Идејата, претставена на состанокот на Комисијата за Формула 1 од страна на шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, доби поддршка од Формула 1, ФИА , како и од сите шампионски тимови. Сепак, на крајот, Формула 1 објави официјално соопштение, во кое вели дека е одлучено да се откажат од идејата за одржување на спринт за млади возачи уште оваа година. Причина се голем број нерешени прашања поврзани со логистиката и процесот на организирање на настанот.

