Италијанскиот возач на Дукати, Франческо Бањаја е победник на денешната спринтерска трка во Мото ГП шампионатот на патеката Мотеги.
Истата доаѓа в пресрет на Јапонското ГП . Второто место го освои неговиот тимски колега, Енеа Бастианини. Возачот на екипата на Гресини рејсинг, Шпанецот Марк Маркез беше трет.
Возачот на Прамак, Шпанецот Хорхе Мартин е на првото место во генералниот пласман пред Бањаја и Бастианини.

