Возачот на Ф1 тимот на Мерцедес, Луис Хамилтон, нема да учествува на пост-сезонското тестирање зад воланот на болидот на Ферари во Абу Даби. Ова го пренесува „Мирор“.
Според порталот, причината е што договорот на Луис Хамилтон со Мерцедес е со важност до крајот на декември оваа година. Затоа, веројатноста Хамилтон да учествува на пост-сезонски тестирања во Абу Даби зад воланот на Ферари е невозможен.
Во овој случај, британскиот пилот ќе може да седне зад воланот на болидот на Ферари само за време на претсезонските тестови.
Да потсетиме, во овогодинешниот шампионат во Формула 1, Луис Хамилтон ја зазема шестата позиција со 174 бодови.