Деветкратниот НБА ол-стар учесник, Пол Џорџ, кој и се приклучи на Филаделфија како слободен играч во вонсезоната, го повреди левото колено во претсезонската победа над Атланта Хокс, соопшти тимот.
Џорџ незгодно згазна на ногата, по што мораше да го напушти теренот. По мечот Џорџ изјави дека не е премногу загрижен за повредата, но од клубот најавија детални прегледи за да се утврди видот на повредата.