Скоти Пипен Џуниор доби договор со екипата на Мемфис. 23-годишниот кошаркар кој играше со двонасочен договор, влезе со целосен договор со клубот.
Пипен им се приклучи на Гризлис во сезоната 23/24. Тој импресионираше во претсезоната, со просек од 10,3 поени и 4,5 асистенции за 20,5 минути во четири натпревари.
Се очекува Пипен да биде една од првите резерви во тимот следнава сезона.
Пипен Џуниор е син на легендарниот Скоти Пипен, кој дојде во НБА од Драфтот во 2022 година.