Марио Исола, шеф на обавувачот на гуми во Формула 1 – „Пирели“, очекува возачите да се обидат со само едно пит-стоп застанување да ја поминат трката за Големата награда на Мексико Сити.
„Бевме сведоци на многу оспорувана квалификација. Втора година по ред возач на Ферари стартуваше од пол-позицијата. Сè сугерира дека болидите на Ферари, Ред Бул и Мекларен, ќе бидат изедначени“ – вели Исола.
„Најбрзата стратегија е со еден пакет на гуми и користење на тврди и средно тврди. Теоретски, најдобрата опција е да започнете со „Medium“ и да ги промените во „Hard“ помеѓу 35 и 32 круг3 – потенцираше шефот на „Пирели“ пред денешната трка.

