Лос Анџелес Клиперс во новата НБА сезона влезе без првата ѕвезда Кави Ленард, но триото Џејмс Харден, Норман Пауел и Ивица Зубац игра одлично, па по Денвер, Клиперс го совладаа и Голден Стејт Вориорс со 112:104.
Ретко се случува еден тим, како Клиперс, да ги добие сите четири четвртини и на крајот да триумфира. Харден постигна 23 поени со 11 асистенции и седум скока, ист учинок во поени имаше и хрватскиот центар Зубац со 18 скока и шест асистенции, додека Пауел постигна 20 поени.
Атланта очекувано го положи оружјето во Оклахома. Домашните славеа со 128:104. Шеј Гилџес Александар постигна 35 поени, 11 скокови, 9 асистенции, Чет Холмгрен додаде 25, а Вилијамс заврши со 20 поени.
Бруклин – Милвоки 115:102
Портланд – Њу Орлеанс 125:103
Оклахома – Атланта 128:104
Голден Стејт – ЛА Клиперс 104:112
Индијана – Филаделфија 114:118 (пп)

