Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до првата победа во Лигата на шампионите и тоа на гостински терен. Македонскиот тим славеше во Данска против Фредериција со 23-25. Одлично издание на екипата на Еурофарм Пелистер посебно во одбрана, а голманпот Никола Митревски со 15 одбрани беше фантастичен на голот на Еурофарм Пелистер.
Битолчани први поведоа преку Петар Атанасијевиќ, а до крајот на првиот дел домашната екипа беше во водство, со тоа што нашуот шампион успе ада израмни пред крајот на првото полувреме на 9:9, а фредериција со серија од 3:0 дојде до предност од 12:9 по првото полувреме.
На стратот на вториот дел домашната екипа поведе до 13:11. По што следуваше серија од 3:0 на Еурофарм Пелистер и пресврт на резултатот од 13:14.
Во 46.та минута гостинската екипа имаше предност од +3, односно 16:19 и со тоа се најави поедата.Сепак во 56.минута Фредериција намали на 21:22, за потоа Еурофарм Пелистер да влезе во серија и да дојде до предност која ја задржа до крајот на натпреварот за победа од 23:25.
Најефикасни кај Фредериција беа Каспер Андерсен со четири и Мартунесен со три гола, а кај Еурофарм Пелистер се истакнаа Кузмановски со пет и Пешевски и Хосни со по четири гола. Убедливо прво име на натпреварот беше Никола Митревски со петнаесет интервенции. Двете екипи за три недели играат меѓусебе во Битола во дуелот од следното осмо коло.

