Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Еурофарм Пелистер се израдува на првата победа во Лигата на шампионите
    Ракомет

    Еурофарм Пелистер се израдува на првата победа во Лигата на шампионите

    risteBy riste31/10/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до првата победа во Лигата на шампионите и тоа на гостински терен. Македонскиот тим славеше во Данска против Фредериција со 23-25. Одлично издание на екипата на Еурофарм Пелистер посебно во одбрана, а голманпот Никола Митревски со 15 одбрани беше фантастичен на голот на Еурофарм Пелистер. 

    Битолчани први поведоа преку Петар Атанасијевиќ, а до крајот на првиот дел домашната екипа беше во водство, со тоа што нашуот шампион успе ада израмни пред крајот на првото полувреме на 9:9, а фредериција со серија од 3:0 дојде до предност од 12:9 по првото полувреме.

    На стратот на вториот дел домашната екипа поведе до 13:11. По што следуваше серија од 3:0 на Еурофарм Пелистер и пресврт на резултатот од 13:14.

    Во 46.та минута гостинската екипа имаше предност од +3, односно 16:19 и со тоа се најави поедата.Сепак во 56.минута Фредериција намали на 21:22, за потоа Еурофарм Пелистер да влезе во серија и да дојде до предност која ја задржа до крајот на натпреварот за победа од 23:25.

    Најефикасни кај Фредериција беа Каспер Андерсен со четири и Мартунесен со три гола, а кај Еурофарм Пелистер се истакнаа Кузмановски со пет и Пешевски и Хосни со по четири гола. Убедливо прво име на натпреварот беше Никола Митревски со петнаесет интервенции. Двете екипи за три недели играат меѓусебе во Битола во дуелот од следното осмо коло. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.