Британскиот велосипедист Марк Кавендиш ја заврши кариетара на 39 години. Велосипедистот вчера го претставуваше тимот на Астана Казакстан и ја заврши својата последна трка.
Тој победи, додека Јаспер Филипсен го освои второто место, Арно де Ли на крајот заврши на третото место.
„Во последните пет круга сфатив дека ова се последните 15 километри од мојата кариера. Бев загрижен дека ќе паднам или нешто слично ако се борам за водство. Не можев да сонувам за подобро испраќање од спортот. Се надевам дека сите уживаа“, изјави Кавендиш.
Марк Кавендиш го држи рекордот за најмногу етапни победи на Тур де Франс (35). Во текот на неговата кариера, освоил и 19 етапи на Џиро Д’Италија и четири етапи на Вуелта. Тој е светски шампион во велосипедизам и трикратен светски шампион во велосипедизам на патека.

