Финскиот возач, Валтери Ботас, кој нема обезбедено состав за наредната сезона, би можел да добие многу значајна позиција во Мерцедес.
Наводно, Финецот може да стане советник и да го наследи Жером д’Амброзио. Тоа на некој начин го најави легендарниот, Кристијан Фитипалди.
„Како што ми беше кажано на патеката, изгледа дека ќе се врати во Мерцедес и ќе биде советник на Тото. Не заборавајте дека Жером д’Амброзио замина во Ферари и дека има место за Ботас“ – потенцираше Фитипалди кој е дел од познатата тркачка династија.