Џорџ Расел со Мерцедес победи на трката за ГН на Лас Вегас во Формула 1, но радоста беше на лицата на луѓето од Ред Бул, затоа што четвртата последователна светска титула отиде кај Холанѓанецот Макс Верстапен.
Верстапен на денешната трка заврши на петтата позиција, но зад себе го остави големиот ривал Ландо Норис (Мекларен), што беше доволно и математички да дојде до новата титула.
Мерцедес направи двоен триумф со седумкратниот шампион Луис Хамилтон од Велика Британија кој заврши на второто место. Возачите на Ферари, Карлос Саинц (Шпанија) и Шарл Леклер (Монако) завршија на третото и четвртото место.

