Интернационалниот олимписки комитет нема да влиаје на одлуката на спортските федерации околу учеството на руските спортисти на меѓународни натпревари, изјави портпаролот на ИОК, Марк Адамс.
„Меѓународните федерации се независни и носат одлуки врз основа на нивните правила“ – беа зборовите на Адамс.
„Нашата политика им овозможи на спортистите од Русија и Белорусија да се натпреваруваат во Париз под неутрален статус“ – рече Адамс.

