Пилотот на Ферари, Шарл Леклер, изјави дека нема за што да жали по резултатите кои ги оствари во тековната година, чие финале ќе се одржи со трката за Големата награда на Абу Даби.
Тој вели дека возачите ќе сторат сè што е можно за да му помогнат на Ферари да го освои шампионатот кај конструкторите, за што на италијанскиот тим ќе му бидат потребни 22 бода повеќе од Мекларен.
„Веројатно откако дојдов во Формула 1, ова е единствената сезона во која немам речиси за што да жалам. Ако зборуваме за брзината на болидот, првата полусезона беше тешка. Што се однесува до второто полувреме, тимот направи огромна работа, со што ни овозможи да станеме поконкурентни. Така нашите напори се исплатеа. Ми се чини дека сега патеката во Абу Даби подеднакво им одговара на болидите на сите четири водечки тимови, така што борбата ќе биде многу тесна“, изјави Леклер.

