Возачот на Мејларен, Ландо Норис е победник на последната трка од сезоната во Формула 1 шампионатот, која се возеше за Големата награда на Абу Даби. На овој начин Норис му го донесе трофејот на неговиот тим, Мекларен, кој стана шампион кај конструкторите за првпат по далечната 1998 година.
Оваа трка беше посебна и по неколку други работи, имено за последен пат зад воланот на Ферари возеше Карлос Саинц, а истото важи и за Луис Хамилтон, кој последен пат седна во болидот на Мерцедес, а од следната сезона се сели во италијанскиот тим.
Битката се водеше меѓу Мекларен и Ферари, а британскиот тим имаше предност од 21 бод пред денешната последна сезонска трка.
Норис на патеката „Јас Марина“ ја впиша четврата победа во кариерата и заврши пред Карлос Сајнц од Ферари, а на пиедесталот место имаше уште за Шарл Леклер.