Формула 1 кариерата на Серхио Перез е завршена, потврди таткото на возачот.
Антонио Перез Гарибај, мексикански политичар и татко на поранешниот возач на Ред Бул, Серхио Перез, објави дека неговиот син завршил со Формула 1.
„Сè во животот има почеток и крај и ние мора да научиме да живееме со тоа. Тој замина од Формула 1. Нема план Б, нема ни план Ц, Ред Бул беше планот. Во моментов Чеко ја затвора својата страница во Формула 1. Дозволете му да се фокусира на семејството и да ужива во тоа. Ни претстојат нови поглавја, треба да уживаме, најдоброто допрва доаѓа“, изјавил таткото на досегашниот возач на Ред Бул.

