Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, изјави дека претставниците на неговата земја се повеќе се наметнуваат во светот на брзината.
„Холанѓаните долго време не беа вреднувани. Можете да ги погледнете доминантните земји во мотоспортот – ние не сме една од нив. Сега ситуацијата се менува“ – вели Верстапен.
„Формула 1 се врти околу Англија, ние сме во малцинство кога станува збор за печатот и такви работи. Сега се гледа дека многу добри возачи можат да се појават и во Холандија а не само во стандардните тркачки земји“ – рече четирикратниот светски шампион.

