Хокеарот, Александар Овечкин, собори уште еден рекорд во НХЛ. На натпреварот од регуларниот дел од сезоната против Торонто (5:2), напаѓачот на Вашингтон го постигна 40-от гол во 2024 година.
На тој начин 39-годишниот Русин стана првиот хокеар во историјата на НХЛ кој постигнал 40 или повеќе голови во 14 календарски години. Тој претходно се израмни на првото место со Брет Хал кој тоа го направи во 13 години.
Овечкин во сезонава има 26 поени (16+10) на 19 меча со вредност плус 15.
