Четирикратниот светски шампион, Макс Верстапен, побара од тимот на Ред Бул да го промени начинот на дејствување во Формула 1 во 2025 година. Холанѓанецот рече дека допрва треба да ја посети фабриката во Милтон Кејнс и дека би сакал да ја промени бојата.
„Не можеме вака да продолжиме! Со текот на годините, тимот на Ред Бул се потпираше на неколку варијанти. Едвај чекам да го видам мојот автомобил. Се надевам дека бојата е различна, добро е да имаме промена“ – вели Верстапен.
Наредната сезоната во Формула 1 ќе започне на 16 март со Големата награда на Австралија во Мелбурн.

