Пола Редклиф верува дека олимписката шампионка на 800 метри од Игрите во Париз, Кили Хоџкинсон, ќе има забележителни резултати и во 2025 година.
Британската атлетичарка има намера да го повтори успехот на светските првенства во сала и на отворено кои ќе бидат реализирани во Нанџинг и Токио.
„Таа е толку силна психички и физички што забораваме колку е млада и дека сè уште расте и има огромен потенцијал“ – вели Редклиф.

