Американката Лорен Макуга победи во супервелеслаломската трка во Сент Антон, Автсрија која се возеше во рамките од Светскиот Куп.
Макуга победи со време од 1:17.51 минути и го забележа првиот триумф во кариерата во Светскиот Куп. Второто место и припадна на Стефани Фенир од Австрија со заостанување од 0.68 секунди, а трета на подиумот заврши Италијанката Федерика Брињоне со 0.92 секунди заостанување.
Американката Линдзи Вон беше четврта, додека Лара Гут-Бехрами од Швајцарија беше петта. Токму Гут-Бехрами е прва во супервелеслалом со 205 бодови, пред Италијанката Софија Гоџа која има 160 бода.
Во вкупниот генерален пласман во Светското Куп, Брињоне е прва со 479 бода, пред Зринка Љутиќ од Хрватска со 456 бодови и Швеѓанката Сара Хектор со 447 бодови.

