Доколку Македонија ја победи селекцијата на Гвинеја, а се надеваме дека нема да има проблем во тоа,нашите ракометари ќе обезбедат пласман во втората фаза или главната рунда на СП во ракомет.
Во зависност од резултатот на оваа средба, но и од резултатот на дуелот кој вечерва го играат Холандија и Унгарија ќе биде познат пласманот на Македонија во групата Д од СП. Победа на Македонија против Гвинеја автоматски значи најмалку трето место во групата, а висока и убедлива победа над Гвинеја и победа на Холандија против Унгарија, може Македонија да ја однесат и на втората позиција. Вомоментов Македонија има -5, а Унгарија +17 гол разлика.
Во случај Македонија да биде трета во групата, првиот натпревар од Група 2 во Вараждин го игра на 21.јануари од 18 часот против Австрија, во второто коло на 23 јануари ќе играме со Катар од 20.30,а во последното коло противник ќе ни биде Франција на 25.јануари од 20.30 часот.
Во случај Македонија да биде втора во групата, во првото коло од 20.30 играме против Катар, во второто од 18 часот против Франција, а во трето коло против Австрија од 18 часот.
Таков е распоредот за втората главна фаза на СП, останува нашите ракометари да победат со Гвинеја и да се пласираат таму, а со тоа ќе пренесат 1 бод од својата група.

