Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Каков е распоредот на Македонија доколку обезбеди пласман во главна рунда на СП
    Ракомет

    Каков е распоредот на Македонија доколку обезбеди пласман во главна рунда на СП

    risteBy riste19/01/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Доколку Македонија ја победи селекцијата на Гвинеја, а се надеваме дека нема да има проблем во тоа,нашите ракометари ќе обезбедат пласман во втората фаза или главната рунда на СП во ракомет.

    Во зависност од резултатот на оваа средба, но и од резултатот на дуелот кој вечерва го играат Холандија и Унгарија ќе биде познат пласманот на Македонија во групата Д од СП. Победа на Македонија против Гвинеја автоматски значи најмалку трето место во групата, а висока и убедлива победа над Гвинеја и победа на Холандија против Унгарија, може Македонија да ја однесат и на втората позиција. Вомоментов Македонија има -5, а Унгарија +17 гол разлика.

    Во случај Македонија да биде трета во групата, првиот натпревар од Група 2 во Вараждин го игра на 21.јануари од 18 часот против Австрија, во второто коло на 23 јануари ќе играме со Катар од 20.30,а во последното коло противник ќе ни биде Франција на 25.јануари од 20.30 часот.

    Во случај Македонија да биде втора во групата, во првото коло од 20.30 играме против Катар, во второто од 18 часот против Франција, а во трето коло против Австрија од 18 часот.

    Таков е распоредот  за втората главна фаза на СП, останува нашите ракометари да победат со Гвинеја и да се пласираат таму, а со тоа ќе пренесат 1 бод од својата група.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.