Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Словенците се жалат на цените во Хрватска, навивачите од Македонија најбројни !
    Ракомет

    Словенците се жалат на цените во Хрватска, навивачите од Македонија најбројни !

    risteBy riste19/01/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Еден од организаторите на ова СП во ракомет, Хрватска, кога требаше да бира, ја одбра Словенија да игра во Загреб, а Македонија имаше среќа во ждребката па ја доби групата во Вараждин.

    Секако дека нашите навивачи без разлика на далечината од 900 км во еден правец и цените за сместување и храна се одлучија да дојдат во Вараждин и да ја бодрат нашата ракометна репрезентација. И покрај високите цени за македонски стандард, голм број на навивачи издвојуваат значителна сума за да бидат дел од овој ракометен Мундијал.

    За разлика од нашите фанови, навивачите на Словенија и Унгарија не се одлучија на тој потег и далеку од очекуваното се присутни во Загреб и Вараждин. Во првата фаза во Загреб, некаде околу 500 навивачи на Словенија ги следеа натпреварите  на свооите ракометари, а се пожалија на високите цени на влезниците и воопшто се што може да се купи во сала.

    Цената на чаша пиво е 8 евра со тоа што кога се враќа чашата се добиваат две евра назад. Соковите, без разлика дали се газирани или не, чинат пет евра, додека водата е поевтина за едно евро, односно 4 евра. Овие цени важат за Арена Загреб, но и за Арена Вараждин. Во Загреб, организаторот одлучи за првата фаза да го пушти во употреба само долниот дел од трибините, па затоа изгледа дека Арената е добро посетена, поседбно кога игра Хрватска, евентуално и Словенија иако за нивните натпревари бројката на навивачи е значително помала. Словенците се пожалија и на високите цени на влезниците кои изнесуваат 50 евра  дневна карта за следење на два натпревари.  

    „Драги Хрвати, што е ова? Не само што се скапи билетите за натпреварите, туку и останатото. Што е со пивото? Шест евра? Кога ќе ја видам таа цена, сакам веднаш да се вратам во Љубљана“ изјави еден навивач за словенечките медиуми.

    Она што е интересно е што и покрај високите цени за влезници и за престој во Хрватска, нашите навивачи без размислување дојдоа да ја бодрат Македонија во Вараждин.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.