Еден од организаторите на ова СП во ракомет, Хрватска, кога требаше да бира, ја одбра Словенија да игра во Загреб, а Македонија имаше среќа во ждребката па ја доби групата во Вараждин.
Секако дека нашите навивачи без разлика на далечината од 900 км во еден правец и цените за сместување и храна се одлучија да дојдат во Вараждин и да ја бодрат нашата ракометна репрезентација. И покрај високите цени за македонски стандард, голм број на навивачи издвојуваат значителна сума за да бидат дел од овој ракометен Мундијал.
За разлика од нашите фанови, навивачите на Словенија и Унгарија не се одлучија на тој потег и далеку од очекуваното се присутни во Загреб и Вараждин. Во првата фаза во Загреб, некаде околу 500 навивачи на Словенија ги следеа натпреварите на свооите ракометари, а се пожалија на високите цени на влезниците и воопшто се што може да се купи во сала.
Цената на чаша пиво е 8 евра со тоа што кога се враќа чашата се добиваат две евра назад. Соковите, без разлика дали се газирани или не, чинат пет евра, додека водата е поевтина за едно евро, односно 4 евра. Овие цени важат за Арена Загреб, но и за Арена Вараждин. Во Загреб, организаторот одлучи за првата фаза да го пушти во употреба само долниот дел од трибините, па затоа изгледа дека Арената е добро посетена, поседбно кога игра Хрватска, евентуално и Словенија иако за нивните натпревари бројката на навивачи е значително помала. Словенците се пожалија и на високите цени на влезниците кои изнесуваат 50 евра дневна карта за следење на два натпревари.
„Драги Хрвати, што е ова? Не само што се скапи билетите за натпреварите, туку и останатото. Што е со пивото? Шест евра? Кога ќе ја видам таа цена, сакам веднаш да се вратам во Љубљана“ изјави еден навивач за словенечките медиуми.
Она што е интересно е што и покрај високите цени за влезници и за престој во Хрватска, нашите навивачи без размислување дојдоа да ја бодрат Македонија во Вараждин.

