Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Лазаров:  Задоволен сум,не беше воопшто лесно да се игра против Австрија
    Ракомет

    Лазаров:  Задоволен сум,не беше воопшто лесно да се игра против Австрија

    risteBy riste21/01/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонскaта ракометна репрезентација одиграа нерешени 29:29 на стартот на главната фаза на Светското првенство против Австрија. Мечот заврши можеби со реален исход, ако зе земе во предвид дека и двете репрезентации имаа свои моменти на натпреварот.

    На прес-конференцијата по натпреварот анализа на натпреварот даде селекторот Кирил Лазаров.

    „Австрија беше фаворит пред натпреварот. Последниот пат нè победија, а во последните две години имаа подобри резултати од нас. Им недостигаа неколку важни играчи, како и нам. На крајот мора да сме задоволни за одиграното. Се обидовме да бидеме добри во нивната игра „седум на шест“, беа многу добри поради тоа одигравме реми. Ние немавме среќа против Унгарија, бевме многу блиску, ама тоа е спортот и мора да учиме од грешките. Задоволен сум, но жалиме за Унгарија и за Австрија. Немаме избор, мора позитивно да размислуваме и да го очекуваме мечот со Катар, кај момците владее добра атмосфера. Имавме проблеми со болести, Митревски, Јагуриновски и Костески имаа проблем со настинка и температура, а претходно и Мартин Велковски. 

    Можеме да бидеме и задоволни за голот, но и незадоволни за пеналот кој го имавме за водство. Ако го дадевме седмерецот, ќе имавме психолошка предност, но што е – тука е. Тоа е спортот, ракометот. Велат среќата се заслужува, а ние веројатно сè уште не сме ја заслужиле. Горд сум на одиграното, бевме егал и покажавме дека знаеме како треба. Не беше воопшто лесно против една „здодевна“ Австрија, која што знае што сака во секој напад и одбрана. Не паднавме психолошки, ама не знаевме дефанзивно да одогвориме на играта „седум на шест“. Очекував за нијанса повеќе од нашите голмани, кои досега имаат солиден турнир. Задоволен сум, ама жалиме за Унгарија и за Австрија. Митревски е наш најдобар голман, тоа го покажува редовно. Не може да се замери, го снајде болест, температура, настинка“, изјави селекторот Лазаров.

    Македонските ракометари ќе имаат еден сел ден за одмор и за подготовка на пресметката со Катар, за 48 часа во вараждин не чека вториот мечод главната фаза од СП во ракомет.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.