Македонскaта ракометна репрезентација одиграа нерешени 29:29 на стартот на главната фаза на Светското првенство против Австрија. Мечот заврши можеби со реален исход, ако зе земе во предвид дека и двете репрезентации имаа свои моменти на натпреварот.
На прес-конференцијата по натпреварот анализа на натпреварот даде селекторот Кирил Лазаров.
„Австрија беше фаворит пред натпреварот. Последниот пат нè победија, а во последните две години имаа подобри резултати од нас. Им недостигаа неколку важни играчи, како и нам. На крајот мора да сме задоволни за одиграното. Се обидовме да бидеме добри во нивната игра „седум на шест“, беа многу добри поради тоа одигравме реми. Ние немавме среќа против Унгарија, бевме многу блиску, ама тоа е спортот и мора да учиме од грешките. Задоволен сум, но жалиме за Унгарија и за Австрија. Немаме избор, мора позитивно да размислуваме и да го очекуваме мечот со Катар, кај момците владее добра атмосфера. Имавме проблеми со болести, Митревски, Јагуриновски и Костески имаа проблем со настинка и температура, а претходно и Мартин Велковски.
Можеме да бидеме и задоволни за голот, но и незадоволни за пеналот кој го имавме за водство. Ако го дадевме седмерецот, ќе имавме психолошка предност, но што е – тука е. Тоа е спортот, ракометот. Велат среќата се заслужува, а ние веројатно сè уште не сме ја заслужиле. Горд сум на одиграното, бевме егал и покажавме дека знаеме како треба. Не беше воопшто лесно против една „здодевна“ Австрија, која што знае што сака во секој напад и одбрана. Не паднавме психолошки, ама не знаевме дефанзивно да одогвориме на играта „седум на шест“. Очекував за нијанса повеќе од нашите голмани, кои досега имаат солиден турнир. Задоволен сум, ама жалиме за Унгарија и за Австрија. Митревски е наш најдобар голман, тоа го покажува редовно. Не може да се замери, го снајде болест, температура, настинка“, изјави селекторот Лазаров.
Македонските ракометари ќе имаат еден сел ден за одмор и за подготовка на пресметката со Катар, за 48 часа во вараждин не чека вториот мечод главната фаза од СП во ракомет.

