Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Жил: Македонија игра солидно на ова СП, ќе биде голема битка!
    Ракомет

    Жил: Македонија игра солидно на ова СП, ќе биде голема битка!

    risteBy riste25/01/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Репрезентацијата на Франција заедно со Данска покажа најмногу ба ова СП, а селекцијата на нашиот следен противник беше доминантна на сите натпревари одиграни во прелиминарната и главната фаза.

    Французите беа подобри од Катар, Кувајт и Австрија во првата, односно Унгарија и Холандија во втората фаза (ги совладаа со 7 гола разлика). Вечерва Франција игра против Македонија во натпревар без резултатско значење за нив, но францускиот селектор Гијом Жил потенцираше дека нема да биде лесно на дуелот со Македонија, посебно што ова е последен меч за неговите ракометари во оваа група.

    „Морам да кажам дека од почетокот на овој турнир Македонија игра многу добро. Не беа надиграни од никого. Агресивни се во одбрана и во напад се многу солидни. Очекувам тежок натпревар вечерва, ќе ни биде последен натпревар неделава. Ќе биде голема битка за секоја топка“, изјави францускиот селектор Гијом Жил.

    Французите се безбедни на врвот во нашата група, а мечот за Македонија може да биде од големо значење за што подобар пласман на ова СП.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.