Репрезентацијата на Франција заедно со Данска покажа најмногу ба ова СП, а селекцијата на нашиот следен противник беше доминантна на сите натпревари одиграни во прелиминарната и главната фаза.
Французите беа подобри од Катар, Кувајт и Австрија во првата, односно Унгарија и Холандија во втората фаза (ги совладаа со 7 гола разлика). Вечерва Франција игра против Македонија во натпревар без резултатско значење за нив, но францускиот селектор Гијом Жил потенцираше дека нема да биде лесно на дуелот со Македонија, посебно што ова е последен меч за неговите ракометари во оваа група.
„Морам да кажам дека од почетокот на овој турнир Македонија игра многу добро. Не беа надиграни од никого. Агресивни се во одбрана и во напад се многу солидни. Очекувам тежок натпревар вечерва, ќе ни биде последен натпревар неделава. Ќе биде голема битка за секоја топка“, изјави францускиот селектор Гијом Жил.
Французите се безбедни на врвот во нашата група, а мечот за Македонија може да биде од големо значење за што подобар пласман на ова СП.

