Лара Гут-Бехрами победи во денешниот Супер-Џ возен во Гармиш Партенкирхен во рамките на Светскиот Куп во алпско скијање.
Второто место и припадна на Каиша Вихоф Ли од Норвешка додека трет резултат оствари Фредерика Брињоне од Италија. Во генералниот поредок за Светскиот куп води Брињоне пред ник Гут-Бехрами и Камил Раст. Во трката за малиот кристален глобус во супер-Џи, лидер е Гут-Бехрами пред Брињоне и Софија Гоџа.
Скијачките наредниот предизвик ќе го имаат в четврток во Куршевел. Таму ќе возат слалом.

