Поентерот на Мајами Хит, Тери Розир, е под истрага од федералните обвинители, поради нелегално обложување. „Вол Стрит Журнал“ пишува дека кошаркарот е осомничен за учество во спортски обложувања во 2023 година.
Забележано е дека истрагата за Розир е дел од пошироката владина истрага што претходно беше спроведена против Џонтај Портер. Се верува дека истиот коцкарски гуру имал сомнителни облози на Розир, тогаш играч на Шарлот Хорнетс.

