Светскиот шампион во Мото ГП, Хорхе Мартин, е однесен во болница во близина на патеката Сепанг откако падна на предсезонските тестирања за 2025 година.
Шпанецот, кој ќе вози за Априлија, беше исфрлен од моторот во вториот свиок на патеката во Малезија и веднаш потоа бил префрлен во најблиската болница.
Новата сезона во Мото Гран При ќе стартува на 2 март со трката на Тајланд.

