Германскиот кошаркарски репрезентатице Денис Шрудер беше трејдуван дури трипати во последните 24 часа. На крајот Шрудер кариерата ќе ја продолжи во Детроит Пистонс. Тој беше разменет во четири различни клубови во последните 24 часа.
Голден Стејт Вориорс го испрати во Мајами Хит, кој веднаш им го препушти на Јута Џез, а на крај „џезерите“ да го разменат со Детроит Пистонс. Трејдот на Шрудер тргна како дел од трејдот кој го направија Голден Стејт Вориорс и Мајами Хит за Џими Батлер.
На 24 натпревари за Голден Стејт Вориорс оваа сезона во НБА, Шрудер имаше просек од 10,6 поени.

