Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Филаделфија го победи Канзас и стигна до втората Супербоул титула
    Меѓународен микс

    Филаделфија го победи Канзас и стигна до втората Супербоул титула

    risteBy riste10/02/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Екипата на Филаделфија Иглс по две години успеаа да му нанесат пораз на Канзас Сити Чифс со 40-22 во Супербоулот за втора титула во НФЛ лигата во американски фудбал, спречувајќи го противникот да стане прв во историјата со три титули по ред.

    Филаделфија доминираше во Њу Орлеанс, одиграа фантастична натпревар и имаап редност од 24:0 по првото полувреме. Натпреварот беше решен на 5 минути и 20 секунди пред крајот на третата четвртина кога Џејк Елиот погоди шут за водство од 27:0. 

    По ова финале Канзас Сити остана со четири освоени титули, од кои три под тренерската палка на 66-годишниот Енди Рид. Ова е втор шампионски прстен за Филаделфија, откако го освои првиот во 2018 година со победа над Њу Ингланд Патриотс.

    За најкорисен играч (МВП) на Супербоулот беше прогласен Џејлен Хартс.

    Важноста на овој натпревар за американците го покажува тоа што овој натпреварот во живо го следеше и Доналд Трамп, кој со тоа стана првиот актуелен американски претседател кој присуствувал на најголемиот спортски настан во САД.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валс: Ограничувањето на буџетот не донесе ништо добро

    12/11/2026

    Шолин: Ограничувањата на буџетот влијаат на квалитетот

    10/11/2026

    Абдилахи ќе се врати на патеките

    08/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.