Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, ги увери челниците на Ред Бул дека ќе остане во тимот барем до крајот на сезоната во 2026 година.
Д-р Хелмут Марко потврди дека во неговиот договорот кој е валиден до 2028 година има клаузули кои му дозволуваат на Макс пред време да си замине.
Ред Бул во новата сезона ќе користи погонска единица развиена во партнерство со Форд. Тоа треба да покаже дали тимот ќе остане конкурентен за титулите во двете конкуренции.

