Денеска ќе продолжи Релито во Шведска (WRC) и тоа со три предвидени етапи кои ќе бидат возени по два пати во текот на денов додека завршниот спринт ќе биде во доцните вечерни часови.
Велшанецот, Елфин Еванс, засега е лидер пред второто коло од сезоната на Светскиот рели шампионат откако доцна синоќа го постави најбрзото време на супер-специјалната етапа „Умеа Спринт“ .
На второто место е двократниот светски шампион, Кале Рованпера а третото го има Оит Танака со возилото на Хјундаи.

