Ѕвездата на литвански Жалгирис, Лони Вокер IV, се договори за враќање во НБА лигата, откако постигна договор со Филаделфија 76ерс .
Според инсајдерот Шаранија од ESPN, Вокер ја искористил клаузулата за заминување во НБА во неговиот договор со Жалгирис за да го овозможи овој потег. Шаранија наведува дека Вокер потпишал двегодишен договор вреден 3 милиони долари.
Оригиналниот договор што Вокер го потпиша со Жалгирис содржел клаузула за заминување до 18 февруари и враќање во НБА. Тој го потпиша тој договор на 30 октомври 2024 година.
Според Марк Стајн, откако планирал да остане во Литванија до летото пред да го најде својот следен НБА тим, Вокер добил повик од Филаделфија во последен момент и се премисли.

