Главниот советник на Младинската програма на Ред Бул, Хелмут Марко, пред почетокот на сезоната во Формула 1 даде свои проценки за шансите на тимовите.
„Мислам дека ќе гледаме битка на три или четири тима во која се вклучени Мекларен, Мерцедес, Ферари и Ред Бул. Но, гледајќи ги резултатите се чини дека Мекларен е веќе малку понапред од другите. Ова се однесува и на темпото и на кратки и на долги растојанија. Ред Бул постигна напредок, но Мекларен изгледаат како очигледни фаворити. За време на тестирањето, само во средата бевме брзи како Мекларен. Во петокот, за време на тренинзите на долги патеки, губевме 0,2-0,3 секунди по круг од Мекларен. Исто така, болидот на Мекларен работи многу подобро со гумите во споредба со она што го гледаме во податоците од нашиот болид. Што се однесува до новото предно крило, болидот барем почна да се однесува попредвидливо“, изјавил Марко.

