Луѓето од Хонда планираат да направат нов мотор според новите правила на ФИА за да бидат во игра за титулата во Формула 1.
Јапонците ќе учествуваат во сезоната во 2026 година. Тогаш Хонда официјално ќе се врати во „циркусот на тркала“ и ќе биде партнер со Астон Мартин.Се очекува новите погонски системи да имаат 1.000-1.100 коњски сили.
Водачот на Формула 1 проектот на HRC (Honda Racing Corporation), Тецуши Какуда, рече дека компанијата постигнала „значаен напредок“ на моторот со внатрешно согорување и дека претстои тестирање.

