Пилотот на Мекларен, Ландо Норис не беше задоволен од перформансите на болидот во првата сесија тренинзи во Мелбурн. Тој ги сумираше резултатите од петочните слободни тренинзи пред Големата награда на Австралија, истакнувајќи дека тимот се уште има проблеми со перформансите на болидот во квалификациски режим.
„Работите засега одат прилично просечно. Добро го започнавме викендот и поставивме цврсти темели. Но, не можам да кажам дека сме задоволни од се. На пример, не сме сигурни во перформансите на болидот во однос на оптималната рамнотежа, на болидот му недостасува стабилност. Особено со малку гориво во резервоарите“, тврди Норис.

