Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Формула 1 тагува:  Почина Еди Џордан!
    Меѓународен микс

    Формула 1 тагува:  Почина Еди Џордан!

    risteBy riste20/03/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Легендарниот поранешен сопственик на Ф1 тим и телевизиски коментатор Еди Џордан, почина во утринските часови денес во Кејптаун, на 76-годишна возраст. Еди Џордан изминатата година се бореше со агресивен рак на простатата.

    „Со неизмерна тага објавуваме дека нас нѐ напушти Еди Џордан, поранешен сопственик на Ф1 тим, телевизиски аналитичар и претприемач. Тој мирно замина, опкружен со своите најблиски“, објави неговото семејство.

    Тимот на Џордан, дебитираше во Формула 1 во 1991 година и за време на 15 сезони оствари четири победи на трки. По неговото повлекување од тимот, Џордан стана познат телевизиски коментатор. Многу успешни возачи ја започнаа својата кариера токму во тимот на Џордан, вклучувајќи ги и светските шампиони Михаел Шумахер и Дејмон Хил.

    Неговиот најголем придонес за Формула 1 беше препознавањето на талентите. Михаел Шумахер дебитираше за тимот на Џордан во 1991 година на Големата награда на Белгија, но веќе по една трка премина во Бенетон. И покрај финансиските предизвици, Џордан во 1996 година обезбеди голем спонзорски договор, што му овозможи да се натпреварува со најдобрите.

    Две години подоцна, Дејмон Хил му донесе прва победа на тимот во Белгија, додека во 1999 година Хајнц-Харалд Френцен победи двапати и дури се бореше за титулата.

    Тимот на Џордан беше продаден во 2005 година на руско-канадскиот бизнисмен Алекс Шнајдер и преименуван во Мидленд Рејсинг. Подоцна тимот помина низ неколку промени на идентитет, Форс Индија, Рејсинг Поинт, а денес е познат како Астон Мартин.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валс: Ограничувањето на буџетот не донесе ништо добро

    12/11/2026

    Шолин: Ограничувањата на буџетот влијаат на квалитетот

    10/11/2026

    Абдилахи ќе се врати на патеките

    08/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.