Астон Мартин на викендот за Големата награда на Кина во Формула 1, се појави со посебни налепници на болидите на Фернандо Алонсо и Ленс Строл со кои му оддава почит на покојниот, Еди Џордан.
Астон Мартин е директен наследник на тимот на Џордан Гран При, кој беше основан од популарниот Ирец во 1991 година.
Џордан се прослави во периодот од 1991 до 2005 година кога неговиот тим имаше 250 трки и четири победи.

