Конор Мек Грегор сака да се кандидира за претседател на Ирска.Toj во изјавата го критикуваше миграцискиот пакт на ЕУ кој неговата земја мора да го ратификува до летото во 2026 година.
„Кој друг освен мене ќе застане против владата? Ниту еден друг кандидат нема да може да застане против нив. Но, јас можам да го направам тоа! Како претседател би го ставил овој предлог-закон на референдум. Гласајте за Мек Грегор – вашиот глас ќе се слушне“, напиша поранешниот двоен шампион на УФЦ на социјалните мрежи.
Претседателските избори се закажани кон крајот на годинава на 11 ноември.

