Јуки Цунода ќе го замени Лиам Лосон во екипата на Ред Бул за трката во Јапонија, објавија дел од медиумите.
Челниците на Формула 1 тимот не се задоволни од возачот од Нов Зеланд кој на првите две сезонски трки во Австралија и Кина покажа слаби резултати.
Тоа значи дека Јапонецот в недела ќе биде прекомандуван од Рејсинг Бул во првата екипа. Ќе потсетиме дека Лосон дојде на местото на Серхио Перез.

