Возачот во Формула 1, Макс Верстапен, може да ја активира клаузулата и да го напушти тимот во текот на летото, вели советникот на Ред Бул, д-р Хелмут Марко.
Тој нагласи дека нема причина за загриженост по слабиот старт на сезоната и дека сите врвни возачи на Формула 1 имаат таква клаузула.
„Потребни ни се подобрувања на болидот за Макс да ја освои петтата светска титула. Има уште многу време до летната пауза“ – потенцираше Хелмут.
