Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри рече дека ги има сите квалитети за да стане шампион. Во очекување на продолжението на годинешната сезона, Пјастри во интервју зборуваше за неговите амбиции.
„Уживам во ситуацијата каде што има очекувања и притисок. Дефинитивно не сум во овој спорт само за да возам. Овде сум затоа што сакам да станам светски шампион. Во последните неколку сезони, докажав – пред сè себеси, а не на некој друг – дека го имам она што е потребно. Мислам дека сè уште не сум го достигнал врвот на моите способности, но правам се што можам за да стигнам таму што е можно побрзо. Знам дека моите најдобри викенди се доволни за да ги победам најдобрите“, рече возачот на Мекларен.

