Голем број Формула 1 тимови размислуваат да го вратат Серхио Перез во Ф1 шампионатот. Поранешниот возач на Ред Бул зборуваше за потенцијално враќање во гридот во 2026 година.
„Ако најдам проект кој ќе ме мотивира целосно, тим кој верува во мене, кој ја цени мојата кариера, моето искуство и се што можам да донесам, тоа може да ме привлече. Затоа си давам најмалку шест месеци да ги разгледам сите понуди и да одлучам за следниот чекор во кариерата. Има многу интересни проекти. По Абу Даби ми пријдоа неколку екипи. Сезоната започнува токму сега, па може да се појават некои опции и во наредните месеци. Откако ќе ги знам сите опции, ќе донесам одлука“, изави Мексиканецот.

