Актуелниот шампион во Формула 1, возач на Ред Бул, Макс Верстапен, триумфираше на трката за Големата награда на Јапонија, трета трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.
Холанѓанецот славеше четврта година по ред на патеката „Сузука“, а со тоа ја забележа и првата победа сезонава, пред Ландо Норис со болидот на Мекларен. На подиумот им се придружи уште еден возач на Мекларен, Оскар Пјастри.
По нив следуваа Шарл Леклер, кој ја забележа јубилејната 150-та трка во кариерата, потоа Џорџ Расел, Андреа Антонели, Луис Хамилтон, а Топ 10 го комплетираа Исак Хајар, Алекс Албон и одличниот Оли Берман.
Трката на патеката „Сузука“ ја одбележана инцидент на излезот од боксот, кога Верстапен и Норис во истиот момент тргнаа да менуваат гуми. Четирикратниот светски шампион ја задржа линијата, Британецот се обиде да го претекне преку линијата, се чинеше дека Верстапен малку го турна, па тој излета на тревата, но директорот на трката оцени дека нема потреба од дополнителна истрага за овој инцидент.

