Џони Херберт, поранешниот Формула 1 возач, не е убеден дека Мекларен ќе биде во трката за шампионскиот пехар во тековнава сезона.
„Тие секогаш ги освојуваа титулите со доминација во почетокот на сезоната. Сега поминаа неколку трки а Ландо води со само еден бод“ – рече Херберт пред трката во Бахреин.
„Никогаш не мислев дека ќе биде лесно за Мекларен. Сè уште мислам дека тие ќе треба да се борат. Имаат добар болид“ – рече Херберт.

